СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Албанија ја има најниската минимална плата во Европа

Албанија ја има најниската минимална плата во Европа, со само 242,52 евра, според Евростат.

Минималните плати се значително пониски во четирите земји од Западен Балкан, кои имаат одредено минимални плати (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) отколку во повеќето земји-членки на ЕУ.

Албанија остана европска земја со најниска минимална плата кога беше прилагодена за паритет на куповната моќ (PPP) за трошоците за крајна потрошувачка на домаќинствата, иако генерално, прилагодувањето ги намали разликите меѓу земјите.

Од 1 јануари, највисоката минимална плата беше скоро седум пати поголема од најниската, но кога е прилагодена на куповната моќ, највисоката минимална плата е нешто помалку од трипати повисока од најниската.

Статистиката на Еуростат ги зема предвид земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати.

Поврзани вести

Македонците претпазливо трошат во услови на корона криза

msp-admin

Компании со најголем промет на берзата лани

msp-admin

Шведска започнува со тестирање на дигиталната круна

Влатко Зорба