СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дефицитот на американскиот буџет е 163 милијарди долари

Јануарскиот дефицит на американскиот федерален буџет изнесува рекордни 163 милијарди долари, што е за дури 130 милијарди повеќе од дефицитот од првиот месец минатата година, а тоа е резултат на пакетот помош, кој беше исплатен на граѓани, соопшти Министерството за финансии.

Приходите на буџетот во јануари се зголемија за три проценти во споредба со истиот месец во 2020 година и изнесуваат 385 милијарди, но расходите се повисоки за 35 проценти и достигнаа 547 милијарди, пренесува Ројтерс.

Во првите четири месеци од фискалната 2021 година, дефицитот се зголеми за 89 проценти на 736 милијарди долари, приходите беа само за еден процент повисоки и достигнаа 1,19 трилиони, но буџетските расходи беа повисоки за 23 проценти и изнесуваа 1,92 трилиони.

Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека јануарскиот буџетски дефицит е зголемен за 139 милијарди заради исплата на 600 американски долари на граѓаните во рамките на пакетот помош во пандемијата.

Поврзани вести

Зошто 5G може да им помогне на производителите да излезат од Ковид-кризата

Влатко Зорба

Германија одобри 500 милиони евра за обуки на работните места

msp-admin

Битиќи во посета на „Пејпер Мил“: Фабриката го рестартира производството по инсталирање на еколошки филтер

Влатко Зорба