СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

BMW ќе го зголеми производството на возила во Кина

BMW се согласи со својот кинески партнер Brilliance да го зголеми производството на автомобили во Кина.

Врвните германски производители на луксузни автомобили станаа позависни од Кина од кога било, покажуваат извештаите за заработка, нагласувајќи ја важноста на пазарот како редок извор на раст во индустријата погодена од пандемија.

Mercedes-Benz, BMW и Audi забележаа рекордно голема продажба на најголемиот светски пазар на автомобили минатата година, во зачудувачки контраст со нивниот значителен пад на вкупната глобална продажба.

Уделот на Кина во глобалната продажба скокна од 5 до 6 процентни поени во секоја компанија – на 36% во Mercedes, 33% во BMW и 43% во Audi.

Поврзани вести

Вработените во Google ќе работат од дома до летото 2021 година

msp-admin

Твитер во 2020 година забележа загуба од 1,14 милијарди долари

Влатко Зорба

Бирократски хаос по „Брегзит“: „Schenker“ не доставува пратки во Велика Британија

Влатко Зорба