Позната е тезата на Ворен Бафет, американски инвеститор, дека секој треба да вложува најмногу во себе, во своето знаење и талент. Сепак, не секој го знае вистинскиот пат до успехот.
Сопственикот на компанијата „Беркшир Хатавеј“, кој наполни 91 година на 30 август, има богато искуство зад себе и важи за најдобриот и најмудриот инвеститор на денешницата.
Според Бафет, комуникацијата е на прво место.
– Ако ги немате овие вештини, тоа е како да и намигнувате на девојка во мрак: ништо не се случува. Може да бидете супер интелигентни, но не ви вреди многу ако не знаете како да ја пренесете таа моќ на вашиот ум. А преносот е исто што и комуникацијата – изјави Американецот, инаку близок пријател на Бил Гејтс.
Покрај тоа, „стариот лисец“ верува во лидерство, па затоа ги става лидерските способности на второ место.
– Кога вработуваме, обрнуваме внимание на три работи: интелигенција, иницијатива или енергија и интегритет. А, ако го немаат второто, првите две ставки ќе ве „убијат“, затоа што ако најмите некого без интегритет, тоа значи дека барате глупави и мрзливи луѓе – рече Бафет.
Унапредувањето на деловните односи е на трето место на списокот на приоритетите во бизнисот на Бафет.
– Една од најдобрите стратегии за успех е да се опкружите со вистинските луѓе. На тој начин, ќе се движите во насоката во која се движат оние што успеале. Овие луѓе треба да бидат подобри од вас – заклучува милијардерот од Небраска (САД).