СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Morpheus – процесор кој не може да биде хакиран

Повеќе од 500 хакери не успеаја да го пробијат процесорот Morpheus, развиен од истражувачите на Универзитетот во Мичиген. Експертите го дефинираат Morpheus како процесор кој не може да биде хакиран.

Morpheus за прв пат беше претставен пред неколку години. Сега Агенцијата за напреден развој на САД (DARPA) одлучи да го тестира процесорот, обединувајќи повеќе од 500 најдобри експерти за компјутерска безбедност и задавајќи им задача да го хакираат Morpheus. Сепак, тие не успеаја.

Процесорот е дизајниран да ги менува клучните сегменти на неговиот код и податоци десетици пати во секунда, правејќи ја секоја ранливост бескорисна за хакерите.

Хакерскиот обид беше дел од програмата „Finding Exploits to Thwart Tampering“ (FETT) во организација на DARPA, Министерството за одбрана на САД и платформата Synack. Учесниците во експериментот, исто така, мораа да се обидат да пробијат слични решенија развиени од Институтот за технологија во Масачусетс, Универзитетот во Кембриџ, Lockheed Martin и непрофитниот технолошки институт SRI International.

Само Morpheus го преживеа искушението, според веб-страницата на Универзитетот во Мичиген. Еден експерт за компјутерска безбедност признава дека сегашниот пристап еден на еден за отстранување на грешки во безбедноста е осуден на пропаст. Во Morpheus, дури и ако хакер најде ранливост, информациите, потребни за нејзино искористување, исчезнуваат за милисекунди.

Поврзани вести

Google ги обврзува производителите на Android телефони да вклучуваат Digital Wellbeing

msp-admin

HarmonyOS официјално пристигнува во април, Huawei Mate X2 го добива прв

Влатко Зорба

Зошто луѓето ја обвинуваат 5G мрежата за разни болести? Еве го одговорот и на тоа прашање

msp-admin