СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија ги тужи Google, Facebook и Twitter за објавување на протести

Руските власти тужат пет медиумски платформи, вклучувајќи ги Google, Facebook и Twitter, за наводно дека не ги избришале објавите во кои се повикуваат децата да учествуваат во нелегални протести, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на суд во Москва.

Имено, Google, Facebook и Twitter се соочуваат со по три обвиненија и секое од нив се казнува до четири милиони рубљи (54.000 американски долари).

Руските власти ги тужат и TikTok, како и Telegram.

Случаи против технолошки гиганти беа отворени по протестите низ целата земја во врска со затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој тврди дека сите постапки против него се политички мотивирани, додека руските власти негираат.

Google одби да го коментира пишувањето на Интерфакс, а Facebook, Twitter, TikTok и Telegram сè уште не одговорија на барањето за коментар.

Судот ќе ги сослуша аргументите против на 2 април.

Поврзани вести

Над 300 милиони евра должи државата кон македонското стопанство врз основа на неплатени фактури

msp-admin

Македонија лани извезла производи во вредност од 7,2 милијарди долари

msp-admin

Шпански инвеститори ги разгледуваат можностите за вложување во обновливи извори за енергија

msp-admin