СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите МекБук модели во масовно производство од втората половина на годината

„Никеи Азија“ предупредува на нови информации, кои се однесуваат на плановите на „Епл“. Откако од овој медиум дојде информацијата дека компанијата од Купертино планира да го намали производствениот капацитет на линијата ајФон 12 (а тоа првенствено се однесува на ајФон 12 мини), сега се сугерира дека Епл ќе го одложи производството на своите нови лаптопи.

Минатиот месец, аналитичарот Минг-Чи Куо предвиде дека новите МекБук ќе бидат објавени во втората половина на годината, а тоа сега го потврдува и „Никеи“. Претходно, се очекуваше масовното производство на лаптопи да започне во мај или јуни.

Во извештајот не се споменува конкретно дека се работи за модели на МекБук Про, но се верува дека овие уреди се вклучени. Куо претходно спомена дека новите модели на МекБук Про ќе имаат значителни промени во дизајнот и спецификацијата.

Двата модели што се очекуваат се новиот 14-инчен МекБук Про и освежениот 16-инчен модел. Новите лаптопи би можеле да ги отфрлат процесорите на Интел во корист на чиповите Епл M1.

Поврзани вести

Се гради најкомплексниот погон во историјата на цивилизацијата вреден 20 милијарди евра

msp-admin

Нови информации за премиерата на Samsung Galaxy S11

msp-admin

Брендот Google Phone се насочува кон бизнисот

Влатко Зорба