СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД се најголемиот извозник на оружје во светот, Русите запишаа голем пад

Соединетите Американски држави ја потврдија својата позиција како најголем извозник на оружје во светот, со повеќе од една третина од глобалната продажба во последните пет години, објави во понеделникот шведскиот институт за истражување „СИПРИ“.

Извозот на САД порасна за 15 проценти од 2016 до 2020 година, а САД учествуваа со 37 проценти во глобалната продажба на оружје, откри институтот.

Американските производители продадоа оружје на 96 земји, а половина е испратено на Блискиот исток.

Глобалниот обем на продажба, од друга страна, е непроменет во однос на периодот 2011 до 2015 година, за прв пат од почетокот на милениумот, посочува „СИПРИ“, додавајќи дека тој останува на највисоко ниво од Студената војна.

„Прерано е со сигурност да се процени дали заврши периодот на брз раст на трансферот на оружје, кој траеше две децении“, рече Питер Везман, истражувач во одделот за програми за вооружување и воени трошоци на СИПРИ.

Во пандемијата во 2020 година, вредноста на трансферот на оружје падна за 16 проценти, но СИПРИ беше претпазлив одговарајќи на прашањето дали причината е инфекцијата или напуштање на утврдените трендови.

Индустријата за вооружување, исто така, забележа нарушувања во синџирите на снабдување, но повеќето оружја беа порачани пред 2020 година и „неколку земји направија многу важни договори за време на пандемијата“, рече Веземан.

Тој ги наведе примерите на Полска, Јапонија и Германија, кои нарачаа голем број борбени авиони.

Саудиска Арабија голем купувач

Дестинација на четвртина од извозот на САД на Блискиот исток беше Саудиска Арабија, што го прави најважниот пазар за САД.

Приходите од извоз на оружје во САД се зголемија за 15 проценти.

Останува да се види дали кабинетот на новиот американски претседател Џо Бајден ќе ја ревидира својата извозна политика во Саудиска Арабија, посочува експертот на шведскиот институт.

Иако САД сигнализираа поостар став за извозот на бомби користени во конфликтот во Јемен, „тешко дека САД ќе ги прекинат испораките на напредни борбени авиони или бродови“, додава тој.

Саудиска Арабија останува најголем увозник во светот, со учество од 11 проценти во вкупниот увоз.

Велика Британија и Франција беа исто така големи извозници, но британскиот удел во извозот се намали со завршувањето на големите испораки на борбени авиони во Саудиска Арабија.

Голем пад на рускиот извоз

Русија се рангираше на второто место на рангирањето на извозниците од 2016 до 2020 година, со петто учество во глобалните испораки на оружје. Тие продадоа оружје на 45 земји, а повеќе од половина од извозот отиде во Индија, Кина и Алжир.

Рускиот извоз, сепак, пропадна за една петтина од претходниот петгодишен период, „пред се поради значителниот пад на продажбата кон Индија“, рече Веземан.

Индија, вториот увозник во светот, се обиде да ги диверзифицира своите добавувачи на оружје и да изгради домашен капацитет за производство.

Во меѓувреме, Франција се најде на третото место на списокот на извозници, со осум проценти учество во испораките и работеше со Индија, Египет и Катар, соопшти институтот.

Германија и Кина, исто така, беа меѓу првите пет извозници, откри СИПРИ, додавајќи дека првите пет сочинуваат три четвртини од глобалниот извоз на оружје.

Кинески проблеми

Кина испорача оружје на 51 земја, но неколку големи пазари се затворени од политички причини, вклучувајќи ги Индија, Јапонија и Австралија.

Кинескиот извоз падна скоро осум проценти во однос на претходниот петгодишен период и не направи значителен напредок на пазарот на Блискиот исток, според СИПРИ.

Азија и Океанија беа главни региони за увоз на оружје, сочинувајќи 42 проценти од глобалниот увоз.

Следува Средниот исток со трет удел, со Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои се рангирани меѓу 10-те најголеми увозници во светот.

Институтот користи петгодишен циклус за да го ублажи влијанието на флуктуациите што предизвикуваат големи нарачки.

Базата на податоци за пренос на оружје не вклучува мало оружје и се базира на јавни извори, од национални и регионални весници до специјализирани меѓународни списанија, како и извештаи од владата и индустријата.

Поврзани вести

Visa и Mastercard се повлекуваат од Libra?

msp-admin

Банки даваат 300 милиони долари за зголемување на производството на вакцини

Влатко Зорба

Нови 4,5 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност, вкупно 26 милиони

msp-admin