СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ФИТР објави нов јавен повик за дигитализација на земјоделството

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик за дигитализација на земјоделството. Наменет е за проекти на стартапи од земјоделскиот сектор, со што им се олесни пристапот до дигиталните технологии на земјоделците.

„Очекуваме предлог-проекти со кои ќе направиме големо олеснување за земјоделците, донесување на правилни и навремени одлуки што ќе резултира со поголем успех во одгледувањето на земјоделските култури, поголема продуктивност и повисоки приходи“, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.

„Знаеме со какви климатски промени се соочуваме и затоа е потребно да се контролира влагата на почвата, воздухот и температурата, за да се направат применливи услови за одгледување на земјоделските култури и на добитокот. Верувам дека ова ќе поттикне и некои новитети, а тоа е да имаме поголемо производство во контролирани услови што значи да имаме производ 12 месеци“, посочи Трајан Димовски од МЗШВ.

За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1.500.000денари. Корисникот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот.

Рокот за пријавување е 16 април, до 14 часот.

Поврзани вести

ДЗС: Алкохолните пијалаци поскапи за 0.7 % во јануари

Влатко Зорба

„Ејџиан ерлајнс“ на неодредено време ги прекинува летовите меѓу Атина и Скопје

Берта Китинска

Бабовски: Со мерката „Млад земјоделец“ склучивме 526 договори за инвестиции и отворање на нови работни места