Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг тврди дека социјалната мрежа „ќе се справи со ажурирањата за приватност што ги планира Apple“.
Како што рече во интервјуто за „Клабхаус“, Faceboo ќе биде во добра позиција кога Apple ќе воведе нови услови за приватност, што ќе бара транспарентност од секоја апликација кога станува збор за следење на корисниците, односно луѓето ќе можат многу подобро да контролираат што споделуваат со кого.
Од компанијата од Купертино ги карактеризираа овие промени како грижа за приватноста на корисниците, додека Закерберг претходно тврдеше дека Apple се грижи само за заштита на сопствените профити.
Тој исто така најави дека планира да воведе известување за овие промени за корисниците на iPhone дури и пред Apple да ги испрати, додавајќи дека е многу можно таквата мерка да донесе повеќе огласувачи на Facebook.
„Можеби ќе бидеме уште посилни по оваа промена, бидејќи огласувачите повеќе ќе се свртат кон нашата платформа поради неможноста да ги користат своите сопствени податоци за да најдат целни групи“, рече Закерберг.