СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ и КСС: Исклучително важен е заедничкиот настап при подготовка на новиот Закон за работни односи

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС), Благоја Ралповски придружувани од Јаким Неделков, Претседател на СОНК при КСС и Миќо Стојановски, Претседател на СРСВМ при ССМ денеска остварија заедничка средба.

На неа се дискутирало за актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат работниците при унапредување и заштита на нивните работнички права, како и за потребата од поголема ажурност на надлежните Државни институции при обезбедување на остварување и заштита на истите.

Присутните, заеднички констатираа дека од исклучително значење за работниците и нивните права е соработката помеѓу најголемите синдикални централи во Македонија, ССМ и КСС и во таа насока истакнат беше ставот дека, ССМ и КСС остануваат на нивните укажувања и барања по однос на усогласувањето на минималната плата согласно Законот за минимална плата кое треба да се случи месецов, а двете организации особено бараат доследна примена на член 2, 4 и 8 од Законот за минимална плата, кои од страна на синдикатите се детектирани за проблематични при нивната примена и не се почитуваат од страна на работодавачите, а укажуваат дека потребно е зголемување на минималната плата наместо нејзино усогласување преку заедничка волја од страна на сите социјални партнери.

Истовремено, двете организации потврдиле дека заедничкиот настап на ССМ и КСС при подготовка на новиот Закон за работните односи е исклучително важен со оглед на тоа што ставовите по голем дел од прашањата се исти и се во насока исклучиво на унапредување на работничките права.

Поврзани вести

Бектеши најави нова поддршка од државата за угостителите

Усвоен текстот на Договорот за гасниот интерконектор со Грција

Влатко Зорба

23 милијарди денари наменети за капитални инвестиции во 2021 година

Влатко Зорба