„Денес Уставниот Суд повторно заседаваше за поднесената иницијатива за разгледување на уставноста и законитоста на Член 163 став 3 од Законот за банките, истиот закон кој верувале или не е направен за да ги доограби и со тоа продолжи КРИМИНАЛОТ врз штедачите“, соопштија од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
„Истата расправа беше од отворен карактер на која присуствуваа членови на Здружението и во продолжение би сакале да ја поздравиме реакцијата на Судиите да повторно отворат дискусија за иницијатива по која претходно е одлучувано, и самото отворање на дискусија е преседан кој се надеваме по гласањето за истата ќе стане историска која ќе ја врати довербата во правниот систем во целина.
На претходното заседавање од вкупно девет судии четири гласаа за укинување на спорниот член од законот за банки оставајќи ги останатите пет судии да ја запечатат судбината на над 3000 семејства погодени од овој КРИМИНАЛ и мега скандал, и не само нив туку и сите ѓраѓани и правни лица кои би се нашле во иста ситуација доколку банкарскиот систем кој работи за интересот на банките остане не променет после одлуката на Уставниот Суд. .
На денешното заседавање еден од петте судии Д-р Осман Кадриу го смени својот претходен став во врска со иницијативата и практично ја најави пресвртницата за решавање на оваа неправда врз штедачите.
Имено како главна причина за менување на својот став ја наведе променетата ситуација и новите сознанија за фактичката состојба на овој КРИМИНАЛ, каде е повеќе од евидентно дека во стечајната постапка пари за штедачите физички и правни лица после исплатата на фондот ќе нема.
Расправата по оваа иницијатива ќе продолжи на наредната седница која се надеваме ќе биде закажана што поскоро и на истата ќе биде донесена правична одлука со која конечно ќе се стави крај на агонијата на над 3000 семејства и што е исто така важно би дошол крајот на несигурноста и нестабилноста на банкарскиот систем во целина.
Шансата за враќање на довербата во правната држава е тука, оставаме на Судиите да донесат правична историска одлука!“, посочуваат тие.