СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Минималната плата сè уште не е достоинствена

Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка волја да ја зголемиме или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Претендирам минималната плата да биде повисока од 60 отсто од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна за да креира раст кој може тоа да си го дозволи. Минималната плата кај нас беше 40 отсто од просечната, а сега достигнавме до 53,4 отсто. Стремиме кон 60 отсто, но тоа се прави постепено. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата ќе биде 18.000, а просечната плата 36.000 денари и тоа е точно тоа што сакаме да го постигнеме. Ќе одиме уште подалеку од тоа и ќе стигнеме на минимална плата од 20.000 денари кога нема да зборуваме за економска криза – рече Битиќи.

Поврзани вести

АСОМ: Ќе ги преземеме сите мерки спорниот Закон за игрите на среќа да не се донесе

Влатко Зорба

Airbnb им доделува 250 милиони долари на сопствениците на домови за пропаднатите резервации

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Владата преку поддршка на иновативни решенија вложува во развојна економија (ВИДЕО)

Влатко Зорба