СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: ХЕЦ Чебрен ќе ја зголеми енергетската независност на земјава

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски на денешното предавање на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, истакна дека како држава треба да се насочиме кон искористување на потенцијалите на обновливите извори на енергија, односно производството на електрична енергија од сонце, ветер, вода.

-Во исто време треба да се спроведува енергетската транзиција од фосилни горива на природни енергенси, каков што е примерот со блоковите на РЕК Битола што ќе се адаптираат од јаглен на гас, и тоа е еден од клучните чекори што треба да се случат во иднина. Реализацијата на капиталниот енергетски проект ХЕЦ Чебрен ќе ја зголеми енергетската независност и ние мора да ги искористиме нашите потенцијали во овој сегмент. Друг аспект за кој треба да се зборува е како да се обезбеди базна енергија, затоа што резервите на јаглен се трошат и се при крај, а во ЕУ има сериозен тренд на затворање на термоелектрани, а на оние што се во функција ќе им се воведе давачка во однос на CO2., истакна Бислимоски.

Поврзани вести

Бектеши за информациите на Инфомакс: Објавувањето лажни вести се казниви по Закон

Доставени 25 мерки за економски спас, ССК очекува Владата да ги усвои

Берта Китинска

Ангеловска: Мерката за субвенција на придонесите ја качи платата на 119.500 вработени

msp-admin