СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Мајкрософт“ тајно отвори центар за развој на чипови во Израел

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ тајно отвори центар за развој на чипови во својата филијала во Израел.

Новиот центар ги проширува своите активности со регрутирање на нови инженери за чипови. Проектот започна пред околу година и пол, но неговото постоење досега не е објавено, пишува израелски „Харец“.

Чиповите што „Мајкрософт“ ќе ги развива во Израел се наменети за забрзување на мрежите во центрите за податоци, со кои управува облак-услугата „Азур“ на компанијата, според израелскиот весник.

Пред околу година и пол, „Мајкрософт“ отвори нови деловни простории во Хаифа, со цел развој на тие чипови. Новиот оддел вработува инженери за софтвер и хардвер кои претходно работеле во „Интел“, „ИБМ“, „Епл“ и „Броадком“. Главниот фокус на новиот оддел е вмрежување и складирање на податоци.

Според „Харец“, другите високотехнолошки компании ги зголемија инвестициите во производство на чипови во Израел, кој во моментов се смета за главен центар во областа на чиповите воопшто, односно чиповите наменети за вмрежување.

Во март, „Гугл“ отвори нов центар за развој на чипови во Израел, кој ќе го води Ури Франк, поранешен висок функционер на „Интел“.

„Мајкрософт“, како и другите технолошки компании како „Епл“, „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, се обидуваат да развијат свои чипови за фармите на сервери и да престанат да ги набавуваат од други компании, како што е „Интел“.

Поврзани вести

„Fortenova“ доби две понуди за „Ledo“, двете во вредност од над 600 милиони евра

Влатко Зорба

Посреќни работници, поголема продуктивност: Мајкрософт тестираа четиридневна работна недела

msp-admin

Приходите од Истанбулскиот канал ќе достигнат 1 милијарда долари годишно

msp-admin