Безбедносниот експерт Макс Шремс поднесе жалба против Google во Франција, тврдејќи дека овој технолошки гигант ги следи сопствениците на телефони со Android без нивно знаење.
Имено, телефоните со Android генерираат уникатни кодови кои се користат за маркетинг цели, и благодарение на тоа, Google, заедно со огласувачите, можат да ги следат интернет навиките на корисниците, со цел да постават реклами што се во согласност со нивните интереси. Во споменатата жалба, Шремс посочува дека овие кодови се направени и зачувани без дозвола на корисникот, со што се кршат правилата за приватност што важат во Европската унија. Тој додаде дека Google треба да плати соодветна казна доколку истрагата утврди дека жалбата е основана.
Жалбата дојде во време кога Apple ги менува начините на кои го следеше однесувањето на корисниците досега и ќе има можност за прв пат да ги исклучи тракерите под iOS 14. Промената уследи откако безбедносната група на која и припаѓаше и Шремс поднесе тужба против компанијата од Купертино минатата година, во која се тврди дека гигантот ги следел корисниците на iPhone без нивна дозвола.
Google има околу 300 милиони корисници во Европа, и наскоро ќе мора да примени слични промени како Apple, со цел да се избегне високи казни.