СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Голдман“: Бакарот е новата нафта, ќе чини 11.000 долари по тон

Аналитичарите на „Голдман Сакс“ велат дека бакарот е новата нафта и предвидуваат пораст на цената на црвениот метал на 11.000 долари за метрички тон.

Тие ги објаснуваат своите прогнози за зголемувањето на цената на бакарот со забрзувањето на транзицијата кон „зелена“ енергија од фосилни горива и недоволното снабдување со овој метал, пренесе „CNBC“.

Врз основа на очекуваниот скок на побарувачката и во услови на веќе оскудна понуда на пазарот во светло на пандемијата, „Голдман Сакс“ сега проценува дека цената на бакарот ќе се искачи во просек на 11.000 американски долари по метрички тон во следните 12 месеци.

Според податоците на лондонската берза за метали, во средата се тргуваше со бакарот по цена од околу 8.900 долари за тон.

Поврзани вести

ЕУ: 12 милијарди евра за Западен Балкан и соседните земји

Влатко Зорба

Основачот на Spotify ќе инвестира една милијарда евра во европски стартапи

msp-admin

Русија го намали производството и извозот на нафта

Влатко Зорба