СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Две причини за колапс на биткоинот

Лансиран на почетокот на 2009 година, биткоинот сега е најголемата криптовалута во светот во однос на пазарната капитализација и количината на податоци складирани на неговиот блокчеин. Сепак, според советникот за инвестиции Стивен Ајзак, крајот на биткоинот е неизбежен.

Тој изјави за CNBC две причини за идниот колапс на најпопуларната криптовалута.

Владините регулативи и еколошките ризици се два клучни фактори кои претставуваат ризик за криптовалутите, рече претседателот на инвестицискиот одбор на советничката компанија „Алвин Капитал“ со седиште во Лондон.

„Не знам каде ќе заврши, или како ќе заврши, но ќе заврши. И кога ќе заврши, ќе биде гадно, бидејќи таму веќе нема да има ништо“, рече Ајзак.

Цената на биткоинот падна за 17 проценти за време на викендот, по експлозивниот раст кој кулминираше со рекордна вредност од 64.000 долари, во услови на непотврден извештај дека Министерството за финансии на САД би можело наскоро да започне со акции кон институциите кои ја користат дигитална валута за перење пари.

Ајзак рече дека она што се случи за време на викендот е само навестување за тоа што може да се случи ако пристигнат регулативите.

„Биткоинот е малтене жртва на сопствениот успех, ако овој производ овозможи трансфер на огромна сума пари помеѓу целосно анонимни лица, тоа е против цела генерација на регулативи“, додаде тој, цитиран од „Спутник Интернешнл“.

Биткоинот се заснова на блокчејн технологија која гарантира безбедност на нејзините трансакции. Криптовалутата, сепак, не може да се нарече целосно анонимна, бидејќи блокчејн технологијата исто така значи дека секоја трансакција ќе се снима засекогаш, што може да претставува ризик за приватноста.

Компонентите на Биткоин, како што се адресите и трансакциите, се гледаат во текстуални низи кои не можат да бидат директно поврзани со ничиј личен идентитет, што ја прави криптовалутата анонимна за корисниците до одреден степен.

Ајзак, исто така, рече дека биткоинот е многу валкан производ и станува се повалкан од минута во минута, бидејќи количината на енергија потребна за „рударство“ расте, а тоа е уште еден фактор што ги убива криптовалутите ако сакаме сериозно да ги решиме климатските промени.

Процесот на рударство на биткоин се потпира на компјутери кои се натпреваруваат да решат математички проблем за секоја трансакција и кој прв ја решава и потврдува трансакцијата – „заработува“ паричка. Решавањето на овие равенки станува сè поконкурентно и потешко бидејќи се повеќе луѓе се вклучени низ целиот свет, а технологијата напредува.

Понудата на „монети“ за рударство е ограничена на 21 милион, а до февруари беа „ископани“ 18 милиони биткоини.

Поврзани вести

Скарамучи: Биткоинот лесно може да стигне до 100.000 долари следната година

Влатко Зорба

Компанија за „копање“ Bitcoin со пазарна вредност од над милијарда долари

Влатко Зорба

Square купи биткоини во вредност од 170 милиони долари, цената на криптовалутата се качи на 50.000

Влатко Зорба