СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Електричен модел е повторно најпродаван во Норвешка

Volkswagen ID.4 беше убедливо најбараниот нов автомобил во оваа скандинавска земја во април.

Резултатите од продажбата на електрични автомобили во Норвешка веќе подолго време не изненадуваат.

Ова беше случај и во април, кога Норвежаните купија 7.229 нови целосно електрични возила, што претставува 54,9% удел на пазарот на автомобили.

Покрај тоа, продадени се 3.316 plug-in хибриди (25,2% удел).

Најбараниот модел во април, вклучително и автомобили со SUS мотори, беше електричниот кросовер на Volkswagen, ID4, со испорачани 1.824 возила.

Инаку, вториот најпродаван нов автомобил минатиот месец беше Toyota RAV4 (890) и третиот Volvo XC40 (858).

Ако погледнете само на електрични автомобили, на второ место е Audi e-tron (668), а трет е Polestar 2 (469).

Интересно, Tesla продаде само четири примероци од Model 3 во април, додека во првите три месеци од 2021 година испорача дури 2.566 од овие автомобили.

Поврзани вести

Кинескиот крал на флашираната вода стана побогат од Ворен Бафет

Влатко Зорба

Македонски производи ќе се продаваат во Лулу хипермаркетите во Катар

msp-admin

Apple казнети со 1,1 милијарди долари во Франција

msp-admin