СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ДЗ банка: Пазар за вакцини од 217 милијарди долари во 2022 година

Земјите ширум светот инвестираа милијарди долари во вакцините против коронавирус годинава, а според германската ДЗ банка, следната година ќе биде уште подобра за тој пазар.

ДЗ банка проценува, врз основа на бројот на жители во светот и потребата да се примат две дози, дека годинава се потребни околу 6,6 милијарди дози вакцини, а следната година ќе бидат потребни дури 10 милијарди.

Експертите од ДЗ банка во студијата пресметале, врз основа на најавите за производство и цената на вакцините, дека обемот на пазарот на вакцини оваа година ќе изнесува 93 милијарди долари.

Тој финансиски „колач“ е поделена на четирите одобрени вакцини – Pfizer, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson, според германската банка.

Следната година, кога вакцините „Кјурвац“ и „Новавакс“ ќе бидат на пазарот, експертите на ДЗ банка проценуваат дека обемот на пазарната вредност ќе се зголеми на 217 милијарди долари.

Бидејќи очекуваат дека коронавирусот ќе биде присутен подолго време и дека ќе има потреба од „освежување“ на имунитетот со вакцина, експертите на ДЗ банка ги советуваат инвеститорите да инвестираат во вакцините.

Поврзани вести

Повторно се враќа можноста сметките да се платат во Пошта, овојпат со пониски провизии

Ангела Веселиновска

Димковски на средба со Груздев за подобрување на економската соработка со Москва

msp-admin

МТСП: Со субвенцинирање на плати вработени 1.346 лица