Предлог рецепт за познатата турска пица Лахмаџун од нутриционистот Емилија Спасовска Мојсовска.
Потребни Состојки
За тестото:
* 250 грама интегрално брашно
* 1 лажичка сув квасец
* 1 лажичка сол
* 1 чаша топла вода
* 1 лажица маслиново масло
За фил:
* 350 мелено месо,
* 1 среден кромид, ситно рендан
* 3 до 4 чешниња лук, ситно рендани
* 1 чаша ситно сецкан магдонос
* 2 средно зрели домати, ситно рендани
* 1/2 средна зелена пиперка, ситно рендана
* 1 лажица доматно пире
* 1 лажичка црвен пипер
* 1 лажичка сол
* 1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
Начин на подготовка:
За Тесто:
Додадете ги квасецот и солта во брашното и измешајте, потоа додадете ја водата заедно со маслото, месете го тестото додека да стане меко и еластично и оставете го 30 до 45 мин да отстои.
За филот:
Сите состојки додадете ги во месото, мешајте додека се соединат состојките.
Постапка за правење лахмаџун:
Откако ќе отстои тестото формирајте 6 топчиња од кои ќе направите тенки тортиљи.
На секоја од нив распоредете ја смесата од филот и ставете ги да се печат на 200 степени 7 до 10 минути
На здравје!