Без разлика дали сме сиромашни или богати, ако некој дојде кај нас и ни даде банкнота од 100 долари, ние дефинитивно ќе ја прифатиме со насмевка (како и со збунетост и сомнеж).
Како ќе ги потрошиме тие 100 долари во маркет и што ни значат тие?
Одговорот на ова прашање зависи од нашите лични навики за купување, вкусови и моменталната финансиска состојба.
Компанијата за производство на видеа „Cut“ ги открива огромните разлики меѓу домаќинствата покажувајќи точно како трошат 100 долари во продавницата во серија видеа на ЈуТјуб.
Како ги трошат овие пари различни луѓе?
За некои 100 долари е разликата помеѓу преживувањето и гладувањето. За секој што некогаш се обидел да заспие кога стомакот му е празен и мислите се полни со храна, дури и неколку дополнителни долари може да бидат вредни.
Во меѓувреме, за оние во подобра финансиска состојба, парите се нешто што може да се користи за луксузна храна или дури и за јадење во ресторани.
Како паровите ги трошат овие пари?
Никој не смее да се лути на другите затоа што ги потрошиле своите тешко заработени пари на начин, како што сметаат за пригодно, вели „Борд Панда“. Сепак, ова ги потенцира нееднаквостите во општеството.
Сите видеа од серијалот можете да ги најдете на YouTube каналот на „Cut“.