Од спонзорските натписи на дресовите, Реал Мадрид заработува најмногу во фудбалскиот свет, за кој авиокомпанијата „Емирати“ плаќа 82,5 милиони долари годишно.
Следат Манчестер Јунајтед (64,9 милиони долари), Барселона (64,8 милиони), а четврти е ПСЖ (57 милиони долари), објавија италијанските медиуми.
Рангирање според годишна заработка од спонзорски натписи на дресови:
* Реал Мадрид – Емирати – 82,5 милиони долари, договорот истекува во 2022 година.
* Манчестер Јунајтед – TeamViewer – 64,9 милиони долари, договорот истекува во 2026 година.
* Барселона – Ракутен – 64,8 милиони долари, договорот истекува во 2022 година,
* ПСЖ – Акор – 57 милиони долари, договорот истекува во 2022 година.
* Арсенал – Емирати – 56 милиони долари, договорот истекува во 2024 година.
* Ливерпул – Стандард чартерд – 55,3 милиони долари, договорот истекува во 2023 година.
* Челзи – Три – 55,2 милиони долари, договорот истекува во 2024 година.
* Јувентус – Џип – 53,1 милиони долари, договорот истекува во 2023 година.
* Тотенхем – АИА – 50 милиони долари, договорот истекува во 2027 година.
* Баерн Минхен – Дојче Телеком – 35,4 милиони долари, договорот истекува во 2023 година.