СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ампева: Се штанцаат дозволи за прекувремена работа, да се прекине праксата на консултација само со бизнисмените

Да се променат приоритетите при консултација за преземање нови економски мерки во борбата со последиците од Ковид-19.Во цела оваа ситуација, морам да кажам дека воопшто не се консултирани синдикатите и невладините оргнаизации, вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“  Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“, во врска со новите мерки од Владата.

-Веќе се случија откази во месец март, за кои што се уште се обидуваме да најдеме заедничко решение како да им се излезе во пресрет на овие луѓе.Мора да прекине Министерството за финансии да се консултира само со бизнисмените, работодавачите, Сојузот на стопански комери. Повторувам до сега воопшто не немаат консуилтирано. Со новава мерка не сфаќам која е поентата да носите одлуки кои што ќе паѓаат исклучиво и единствено на товар на работниците. Се штанцаат дозволи за движење надвор од работен час, се со цел прекувремена работа и оптоварување на работниците, додава Ампева.

Поврзани вести

Од денеска аплицирање за вториот пакет бескаматни кредити

Берта Китинска

Шахпаска: Блиску сме до решение недела да биде неработен ден

Влатко Зорба

Виена подарува по 50 евра на семејства да одат во ресторан

Stefanija Kuzmanovska