Управителот на Раде Кончар ТЕП, Горан Антевски, денеска при посетата на Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за Економија, Крешник Бектеши, посочи дека во изминатите три години, се направени сериозни инвестиции во модернизација на производството, во голема мера насочени кон заштита на животната средина и проширување на производствените процеси.
Притоа ја оцени како позитивна поддршката од Владата и министерството за економија со чија помош беа набавени нови машини и опрема за поефикасно производство.
„Секако овие инвестиции што се направени последните три години допринесоа да го зголемиме производството, да го зголемиме бројот на вработени кој се зголеми само во последната година некаде околу 20 %, а со зголемувањето на бројот на вработени се зголеми и производството за рекордни 65% во 2020 година. Се надевам дека 2021 ќе биде и подобра затоа што тие нови инвестиции, нови проекти ни носат и подобар развој на компанијата”, рече Антевски.