СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Кратењето на платите во јавната администрација не е разгледано како можност

Кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема на разговор, не е разгледано како можност, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој ги отфрли како неточни информациите дека меѓу него и министерката за финансии има несогласувања особено за кратењето на платите во јавната администрација.

– Јас и министерката за финансии може да имаме различни ставови и на други теми, но ние сме дел од една Влада и последните одлуки ги носиме колективно како Влада и ги почитуваме. Не дека сме имале спротиставени ставови со министерката на оваа тема. Што се однесува до подготвувањето на ребалансот и на третиот сет економски мерки, имаме одлична соработка со министерката за финансии. Соработуваме на дневна основа за да создадеме што подобри мерки кои ќе бидат поддршка на стопанството и на граѓаните, истакна Бектеши.

Поврзани вести

Родова анализа на Берза на органите на управување на котираните акционерски друштва

Влатко Зорба

Објавен оглас за распределба на 37 социјални станови во општина Струмица

Влатко Зорба

Ќе се зајакнува соработката помеѓу ССМ и ДИТ во однос на постапувањето по пријавите за кршење на работничките права

Влатко Зорба