До септември годинава се очекува да биде подготвена новата дигитална платформа која ќе им помогне на домашните индустриски комапнии да освојуваат нови пазари.
За платформата преку Министерството за економија се планирани еден милион евра од третиот сет владини мерки.
Како што соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција во Владата, за утре е закажан состанок со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комори, на која ќе се дискутира за развој на платформата.
-Мора да помогнеме на нашите компании за време на оваа криза.Со цел да го заштитиме домашното прозиводство. Оваа криза заеднички да ја направиме нова можност за сите нас. Затоа е оваа поддршка од 16 милиони евра ваучери за граѓаните кои можат да ги искористат за домашните угостителски објекти, истакна Бектеши.