СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Нормализиран економски развој со зголемена динамика во втората половина на 2021 година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во своето вчерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ изрази оптимизам дека земјата ќе има стабилизација, односно економски раст.

Во врска со ова, тој апелираше деловниот сектор да инвестира, да ја зголеми економската активност и да ги зачува работните места.

„За да биде појасно, нашите проекции се засноваат на проекциите на меѓународните институции како што се Монетарен фонд, Светска банка и Европската комисија за предвидувањата за 2021 година. А, предвидувањата беа дека од вториот квартал, а особено од втората половина на 2021 година ќе има нормализиран економски развој со зголемена динамика. Ова се исто така наши основни проекции и она што го предвидовме 4,1 процентен економски раст, со алтернатива ако сценариото е песимистичко. Ние ќе продолжиме да имаме такви проекции и да го базираме на аспектот на сценариото дека ќе имаме стабилизација, односно економски раст“, изјави Бесими.

Поврзани вести

Со оперативниот план за вработување, сите кои изгубиле работа поради Ковид, ќе се вратат назад на пазарот на трудот

Влатко Зорба

Макстил инвестира во намалување на емисиите на прашина во воздухот и во безбедноста при работа во екот на кризната година

Влатко Зорба

„Купувам домашно“: Помошта од 6.000 денари ќе треба да се потроши до 25 декември

Берта Китинска