СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бислимоски не очекува зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар

Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро капацитетите во државата, коешто, пред се, се должи на лошата хидрологија, поради што кон крајот на 2020 година имаше потреба од увоз, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост.

-ЕСМ има обврски да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата и тоа по цена која сама си ја определува, бидејќи РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ за струјата. Дали ќе увезува дополнително или не, тоа од аспект на цена не е битно, бидејќи во калкулациите на РКЕ влегува цената која ја нуди ЕСМ и во рамките на таа цена ЕСМ ќе си ги покрие своите трошоци за увоз на електрична енергија, вели Бислимоски.

Поврзани вести

Минималецот ја качува и просечната плата – За две години раст од 3.500 денари

Влатко Зорба

KУПУВАМЕ ДОМАШНО: Граѓаните ги полнат торбите со македонски производи, во најава картички за пасивниете баратели на работа

Ангеловска-Бежоска на 43. средба на Клубот на гувернерите