СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Угостителите продолжуваат да добиваат финансиска поддршка како и сите

„Угостителскиот сектор е многу помогнат, само во првиот и вториот пакет на мерки, дури и во бескаматните линии, имаше само мерки за угостителите, наспроти сите други“, изјави денес вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, тие продолжуваат да добиваат финансиска поддршка за плати, како што добиваат сите.

„Процентуално еден солиден дел имаат земено плати од угостителските објекти. Исто така имаше посебно креирани мерки во делот на хотелиерството, туризмот и угостителството, преку Министерството за економија преку ваучерите. Не се согласувам дека не се поддржани наспроти сите други. Не знам зошто би требало ваков вид на комуникација“, вели Битиќи на прашањето за реакцијата на НУК.

Поврзани вести

Спасовски најави домашна платежна картичка од 9.000 денари за стечајците, пензионерите, невработените

Балкански медиуми: Во Северна Македонија ќе се гради 100 мегаватна фотоволтаична електрана

Никола Поповски

РЕК Битола склучи договор за набавка на 36 машини и камиони за ископ на јаглен

Влатко Зорба