СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Во септември ќе биде донесен четвртиот пакет на економски мерки

„Во процес на креирање е  четвртиот пакет на економски мерки за справување со корона-кризата ќе следува дури во септемвр, пакетот ќе биде донесен откако ќе се формира Владата. Новата Влада ќе има легимитет тоа да го спроведе“, соопшти претседателот на комисијата за финансии на СДСМ“, Фатмир Битиќи на денешната пре-конференција.

Тој напомена дека  се очекува во август да биде формирана Владата, а во септември да биде донесен новиот пакет на економски мерки кој ќе им помогне на граѓаните.

“Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ, донесени за помош и поддршка на граѓаните, компаниите, економијата воопшто се покажаа како навремени и вистински.Со платежните картички реализирани се над 1,2 милиони трансакции. Или поконкретно, граѓаните ги употребиле картичките најчесто во маркетите 89% , рестораните и храна 5%, текстил, облека, обувки 3%, аптеки 2.3%.Или поточно, граѓаните најмногу купувале во маркетите и оствариле промет од 982 милиони денари, текстил,облека и обувки 42 милиони, ресторани и храна 30 милиони денари, мебел 12 милиони, аптеки 10.8 милиони, хотели и туризам 3 милиони денари и останато“, изјави Битиќи.

Поврзани вести

Бектеши повика да се усвои Законот за задолжување во Светска банка

Влатко Зорба

Влада: Граѓаните можат да ја користат поддршката од 6.000 денари без рокови и ограничувања

Берта Китинска

МЕПСО: Тарифата за пренос на електрична енергија ја утврдува надлежното регулаторно тело

Берта Китинска