СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи за ултиматумот на музичарите: Кога ќе бидат дел од формалната економија, многу полесно ќе им помогнеме

„Има низа страни кои треба да бидат помогнати, на сите досега помогнавме согласно приликите. Секако, им понудивме да бидат дел од системот. За жал, зборуваме за категорија луѓе кои биле надвор од системот. Им понудивме преку активните мерки за вработување да се вклучат на пазарот на трудот и да разгоараме за законско решение како најлесно да влезат во системот. Кога ќе бидат дел од системот, дел од формалната економија, многу полесно ќе креираме мерки и за оваа категорија луѓе “.

Ова денеска го изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи за ултиматумот што го упатија вчера музичарите.

Над 1.200 музичари и членови на шест сродни музички здруженија вчера упатија ултиматум до Владата до петок, 12 март, да им одговори на барањата за олеснителни протоколи за работа, обесштетување со помош од 43.000 денари, но и прием во Министерството за култура за да си ги кажат проблемите и да се најдат предлози за нивно надминување.

Во спротивно, најавија, ќе бидат принудени правата да ги бараат на протест.

Поврзани вести

Народна банка: Девизни резерви од 3,5 милијарди евра на крајот на јули

Влатко Зорба

„Standard & Poor’s” го потврдија кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед

Влатко Зорба

Арсовска-Мицкоски: Единствената работа којашто му е потребна на приватниот сектор е системско решение