СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Инвестициите во патишта се големи проекти, внимаваме да не ни се случуваат репроекитрања, како претходно.

„Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година. Проектирањето ќе се изведе во текот на оваа година и следната година да имаме и градежни зафати. Вториот голем проект во врска со автопатиштата ни е патот од Тетово до Гостивар, таму сакаме да добиеме едно модерно решение врз постоечкиот пат кој не е во добра кондиција.“- изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вестите на Сител.

Го спомена и новиот автопат од Кичево до Охрид, кој интензивно се гради.

„Кичево – Охрид имаше проблеми со самите проекти и тие не беа добри од хартија да се пренесат во пракса, затоа нови проектирања беа потребни, денес тие се завршени и продолжуваме таму да работиме интенизвно, целиот автопат чини 600 милиони евра, има 57 километри. Знаете, таму немаше испланирано клучки, па некои работи мораше отпочеток. Ќе имаме посета и на терен наскоро, таму навистина има сериозни зафати, па и во текот на зимата се работи, имаме прогрес. Што се однесува до правецот Скопје – Блаце исто така има две делници, на правата се работи, за втората во тек се постапки за избор на изведувач и ќе останат последните 10 километри. Инвестициите во патишта се големи проекти, внимаваме да не ни се случуваат репроекитрања, како претходно.“- дополни министерот Бочварски.

Поврзани вести

За осум месеци Турција заработи 1,8 милијарди долари од извоз на лешници

Stefanija Kuzmanovska

Исплатени над 1,6 милијарди денари субвенции за земјоделците

Берта Китинска

На светските берзи се „избришани“ 15 билиони долари во вредност на акции