19.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Богатите Американци се плашат од даноците на Бајден

Богатите Американци брзаат да најдат решенија што ќе им заштедат даночни трошоци, стравувајќи дека демократскиот кандидат Џо Бајден ќе победи на претседателските избори и ќе ги смени даночните закони, велат финансиските експерти.

Она што најмногу ги загрижува е дека Белата куќа и Конгресот ќе бидат преплавени со „син бран“ по изборните победи на демократите, што ќе му овозможи на Бајден да предложи и усвои низа даночни реформи. Богатите се особено нервозни и се измачуваат што таванот за ослободување, што им овозможува на поединци да им остават на наследниците до 11,58 милиони долари, без обврска да плаќаат данок на имот и данок, може да се спушти пред планираното укинување во 2025 година, пренесува Хина.

Демократите сакаат да ги зголемат даноците на имот на „историска норма“. Тоа може да значи дека границата повторно ќе се намали на 5,49 милиони долари, како што беше до 2017 година. Таа година, републиканскиот претседател Доналд Трамп потпиша широки измени и дополнувања на даночните закони, кои вклучуваат поволности за корпорациите и за богатите Американци.

Изборниот резултат е неизвесен и не е познато дали даночните закони воопшто ќе се променат. Како резултат на зголемената популарност на Бајден во анкетите, богатите сепак побрзаа да формираат фондации или да ги менуваат постојните до крајот на годината, за да избегнат даночни последици. Бајден исто така „ќе ги врати даноците на имот на ниво од 2009 година“, со цел да финансира платени семејни одмори и боледувања, се вели на неговата веб-страница.

Неговиот план вклучува и зголемување на даноците на приходите од продажба на долгорочни средства, како што се обврзници, акции, злато и недвижнини, чијашто вредност се зголеми. Даночните обврзници чија годишна заработка надминува 1 милион долари, би платиле данок со стапка од 39,6 проценти. Според сегашните регулативи, оние што се во највисока даночна заграда, со приходи поголеми од 441.450 американски долари, во моментов плаќаат 20% данок.

Портпаролот на кампањата на Бајден, Ендрју Бејтс, во изјава повтори дека кандидатот за претседател на Демократската партија има намера да го смени законот за даноци, така што ќе има корист за повеќе граѓани со ниски примања. Малиот пораст на барањата за промена на правниот статус на недвижнините се забрза во јуни кога Бајден го надмина Трамп во анкетите, забележуваат советниците. Неколку компании објавија дека оттогаш биле преплавени од барања и очекуваат натамошен раст на нивниот број кон крајот на годината.

Поврзани вести

Угостителите ќе опстанат ако добијат најмалку 250 милиони евра од четвртиот пакет, велат од НУК

Берта Китинска

Финансиска поддршка за рибарството и аквакултурата

msp-admin

Промовирана платформата „Македонски туристички водич“

Влатко Зорба