СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Да се интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите за физички лица

Сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на Градот Скопје или општините во Градот Скопје, како и Акционерски друштва во државна сопоственост, јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители во извршните исправи, дадени за извршување пред извршителите, заклучно со 31 декември 2017 година, да ги интензивираат активностите, за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите согласно законот, со оглед на тоа што рокот за истото истекува на 18 мај 2020 година.

Ова стои во заклучокот усвоен на вчерашната 43-та владина седница откако е разгледана информацијата за примената на Законот за отпис на каматите и репрограмирање на долгови и трошоци на физичките лица.

– Се задолжува Минустерството за правда да ги извести извршителите во законски предвидениот рок за прецизираните барања за извршувања, се наведува во денешното соопштение од Генералниот секретаријат на Владата.

Поврзани вести

Владата ги предложи Треновски, Поповски и Петрески за неизвршни членови на Советот на Народната банка

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е здрав, високо капитализиран и со солидно ниво на ликвидност

НБ очекува натамошно зголемување на активноста во економијата

Влатко Зорба