Денеска напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата.
Минатата недела немаше никаква промена и цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), останаа исти како што биле утврдени со Одлуката од 21.09.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, информираат од РКЕ.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,355 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.09.2020 година и изнесува 25,666 ден/кг.
Новите цени ќе важат од полноќ.