СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Досегашната помош за угостителите беше доволна, смета Бектеши

„Имаше директни грантови за угостителите со 4-тиот пакет мерки, но ниту една дејност нема да биде заборавена и со петтиот пакет мерки. Не се согласувам со ултиматумите, а секако ги охрабрувам на искажување на своето мислење преку протести“, изјави денес министерот за економија, Крешник Бектеши на новинарско прашање затоа што мисли за денешниот најавен протест од страна на сопствениците на ресторани и кафулиња.

Тој посочи дека досегашната помош за нив била доволна, имајќи ги во предвид нивните предлози кои биле доставени во Владата.

„8 месеци се плаќаат платите од државата, вклучувајќи го тука и угостителството. Секако ќе има и други олеснувања“, потенцира Бектеши.

Поврзани вести

Помошта од 6.000 денари ќе биде исплатена за десетина дена, најави Битиќи

Берта Китинска

Граѓаните со прекин на работен однос во рок од 30 дена треба да поднесат барање за паричен надоместок

Берта Китинска

ЕУРОЛИНК го доби тендерот од 1,4 милиони евра за осигурување на воздухоплови од МВР

Влатко Зорба