20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Невработени се 155.575 лица во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто.

Забележан е пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто.

Бројките покажуваат дека активното население во овој квартал изнесувало 941.136 лица, од кои вработени се 785.561 лице, а невработени 155.575 лица. Во претходниот квартал активното население броело 964248, вработени биле 799.546 лица, а невработени 159.623 лица.

Меѓу невработените кај категоријата од 25 до 49 години стапката на невработеност е 16,1 отсто, додека кај оние од 50 до 64 години 12,6 отсто.

Меѓу невработените има околу 3000 лица без образование.

Сектори каде имаме најголем број вработени во третиот квартал се преработувачката индустрија со 154842 лица и трговијата на големо и мало 114.336 лица.

Поврзани вести

Бесими: Унапредување на фискалната децентрализација во функција на градење подобар систем на јавни финансии и економски развој

Влатко Зорба

Дали е ова првиот албански суперавтомобил? (ВИДЕО)

Никола Поповски

НБ: Блокирани над 224.000 трансакциски сметки

Влатко Зорба