СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Годинава започнува градбата на гасоводот од Неготино до Гевгелија

До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење а до крај на годината, а може и порано да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Гевгелија.

Министерот додаде дека проектот е готов, за него има одобрение од министерство за животна средниа и заедно со Национални енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница.

“ Гасификацијата е доста значаен проект за сите. Во делот на плановите за изградба на магистралниот гасовод од Гевгелија до Неготино, имаме готов проект и моите очекувања се дека во текот на летниот период ќе извадиме одобрение за градење и до крај на годината да го тендерираме. Се работи за проект за изградба на гасовод во должина од 68 километри со што ова е уште еден чекор за поврзување со интерконекторот со Грција. Во меѓувреме, оштините да работат на секундарната мрежа и преку НЕР заедно да ги надминене сите проблеми со кои се соочуваат. За мене е значајно што во текот на оваа година завршуваат гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар“, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Покрај ова, министерот Бочварски најави и нови проекти во Гевгелија за подобрување на комуналната мрежа и локалната инфраструктура.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски извршија увид во изградба на социјална зграда во Гевгелија.

Инвестицијата е 80 милиони денари, се градат вкупно 52 станови а според договорот зградата треба да биде завршена во март 2022 година.

Директорот на АД за станбен и деловен простор, истакна дека покрај оваа зграда во постапка за изгардба се уште четири нови згради во Сарај, Кочани, Дебар и Пехчево.

“ Преговараме со банката која го финансира овој проект за продолжување, односно да финанисра нов проект за изградба на нови социјални згарди во општините. Очекуваме некаде до средината на оваа година да имаме постигнато договор”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДССДП.

За градоначалникот Сашо Поцков, сите инфраструктурни проекти се од огромно значење за развој на општина Гевгелија како и за регионот.
Тој најави нови проекти во делот на реконструкција на улиците во општината и подобрување на комуналната мрежа.

Поврзани вести

Владата ги усвои измените на Законот за данокот на добивка

Берта Китинска

Светска банка: Закрепнувањето на економијата ќе трае повеќе од пет години

Влатко Зорба

Освен за локалите, казни и за музичарите и гостите, бараат од Независната угостителска комора