СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Годинава започнува изградба на преку 200 социјални станови

За оваа година во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор планираме изградба на 5 нови згради со над 200 станови наменети за ранливи категории на граѓани, истака министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес конференција на која заедно со директорот на АДССДП, Кристијан Трајковски, информираа за динамиката на изградба на социјални згради во општините.

“Очекуваме до крај на овој месец во Велес да се отпочне со изградба на зграда со 29 станови, а оваа година ќе почнеме со изградба на дополнителни 173 станови за Пехчево, Дебар, во Сарај и во Кочани. Во меѓувреме се проектираат и социјални згради во Штип и Прилеп. Наша обврска е да создаваме услови сите ранливи семејства да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот. И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства и уверуваме дека со овие мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот додаде дека во овој момент се градат 574 социјални станови во седум општини за кои дел ќе завршат оваа, а дел другата година.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.

“Разговарваме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините. Исто така сакам да потенцирам дека акционерското друшто гради и станови со комерцијална намена по пазарни цени кои се достапни за граѓаните и овозможуваат конкурентски услови”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Поврзани вести

Денарот одбележува 28 години

Влатко Зорба

Нафтените деривати поевтинуваат во просек за 1,35%

Влатко Зорба

Северна Македонија ќе стане членка на Организацијата за црноморска економска соработка во 2020 година

Влатко Зорба