СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните кои ги нема на списокот за помошта од 6000 денари може да поднеста приговори

Граѓаните кои нема да се пронајдат на списокот за финансиската помош од 6000 денари од четвртиот сет на мерки ќе може да поднесат приговор до денеска 21 декември.

На страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.

Проверката се врши по следнава насока: Внесете го вашиот ЕМБГ, селектирајте го полето „i’m not a robot“, и потоа кликнете на Пребарај.

Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.

Граѓаните кои ги нема на листите, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат да поднесат приговор на веб страницата најдоцна до денеска, на кој треба да им биде одговорено во рок од неколку дена.

Од Министерството за еконоомија соопштија дека рок за искористување на парите ќе нема.

Поврзани вести

ЕИБ ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на С. Македонија

Влатко Зорба

Времено суспендирање на тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија АД Битола

Влатко Зорба

Царовска упати благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата