СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

И покрај пандемијата: Трамп ги зголемува давачките за увозот од Европа

И покрај пандемијата, невидените мерки за карантин и стравувањата од економска криза, претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп не се откажал од својата трговска војна, пишува европското издание на Политико.

Само еден ден по состанокот на лидерите на Г7 со Трамп, со кое беше јасно дека групата ќе стори сé што може за да ја одржи стабилноста на глобалната економија, Вашингтон потврдува дека давачките за европските авиони продолжуваат да се зголемуваат на 15, од 10 отсто порано. Мерката стапи во сила во средата. Авијациските компании беа први, и засега најтешко, го поднесоа ударот на кризата, а нивните проблеми им наштетија и на нивните добавувачи. Американскиот „Боинг“ побара финансиска помош за овој сектор од 60 милијарди американски долари.

Европските лидери, вклучително и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се надеваа дека ќе можат да го убедат Трамп да ја заврши војната со мини зделки во сектори како што се технологија, енергија и храна. Но, дипломатијата не даде резултати и Вашингтон ги зголеми давачките. Досега, Комисијата не реагира со соодветни мерки.

Засега, дополнителните давачки веројатно нема да имаат ефект врз европскиот „Ербас“, бидејќи американските авиокомпании во секој случај ги одложуваат нарачките заради епидемијата. Но, подигнувањето на давачките е знак дека Трамп нема да го сопре ништо за да ја исполни својата политичка агенда во обид да победи на изборите оваа есен.

„Соочен со пандемија и рецесија, човек би помислил дека секој, што размислува рационално, ќе бара начин да се стабилизира трговијата и да ги смири пазарите“, изјави претставник на ЕУ за списанието.

Поврзани вести

Виз Ер ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 16 април

Оштетени штедачи: Во грабежот на Еуростандард банка постои криминална мрежа составена од лицата на раководни позиции во банката

Ангела Веселиновска

Кризата со корона го засили трендот кон безготовинско плаќање во Шведска

Александар Петровски