СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Историски момент: Јавниот долг на Велика Британија надминa 2 трилиони фунти

Јавниот долг на Велика Британија за прв пат во историјата надмина две трилиони фунти (2.000 милијарди), затоа што Владата беше принудена да позајми готовина, за Островот да остане „над вода“ во силниот бран криза.

Министрите позајмиле 26,7 милијарди фунти само во јули, според последните бројки објавени од Канцеларијата за национална статистика (ONS – Office for National Statistics), објавија денес британските медиуми.

ONS соопшти дека позајмувањето минатиот месец е 28,3 милијарди фунти повеќе отколку во истиот период минатата година, а бројот на задолжувања за седмиот месец е исто така четврти највисок по мониторингот во 1993 година, бидејќи владата продолжува да испумпува милијарди фунти во економијата, за да се обиде да ја опорави.

Последната проценка на јавниот долг на Велика Британија следеше откако беше објавено дека економијата на таа земја официјално падна во рецесија, а она што особено загрижува е дека бројот на јавниот долг надминува 2 трилиони фунти за прв пат и изнесува 2.004 трилиони.

Тоа е околу 227,6 милијарди фунти повеќе отколку што беше забележано пред една година. Аналитичарите предвидуваат дека задолжувањето би достигнало 28,6 милијарди фунти во јуни, а на крајот на јули се случило за прв пат долгот на Велика Британија да биде поголем од вкупниот БДП на земјата, од 1961 година.

Поврзани вести

Депонентите на Еуростандард ќе се обештетуваат преку четири банки

Сугарески: Со посебна Уредба се зголемува дневното возење на возачите на камиони

Берта Китинска

Битиќи на дискусија во организација на Албиз фондацијата: Човечкиот капитал е најзначајниот ресурс на државата