Од нашите 5 барања скоро три се исполнети, четвртото треба да се доработи, а во однос на петтото немaше разбирање. Најверојатно месец јануари е изгубен по однос на плати, но државата работи како да ги надокнади во наредниот период, изјави Здравко Јосифовски од НУК по вчерашната средба со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
-Ќе можам да кажат дека сме задоволни тогаш кога реално ќе ги добиеме мерките. Можам да кажам дека првиот чекор кон доброто за угостителската индустрија сме го направиле“, вели тој.
Угостителите на денешната средба од владата побараа безусловна помош за вработените во угостителската индустрија до крајот на пандемијата, надомест за штетата направена со последната рестриктивна мерка со работа до 18 часот, достапност до долгорочни бескаматни државни кредити.