СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јовановиќ: Покачувањето на струјата е удар врз 755.000 сиромашни граѓани

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, смета дека поскапувањето на струјата е политичка одлука.

„Објаснувањето што беше кажано од Регулаторна мене ми е прилично несмасно. Практично не можам да поверувам дека може да се покачи цена на струја како дозволуваат сметките, методологијата. А, законите дозволуваат да се покачи цена на струја во ваква криза, но не дозволуваат да се намали. Мене ми е тоа практично неприфатливо објаснување. И мислам дека едноставно е недолично објаснување во ваква ситуација, и мора да се изнајде решение“, истакна Јовановиќ во емисијата „Бизнис поенти“.

Според Јовановиќ доста е загрижувачки и тоа што една ваква крупна одлука се префрла на техничко тело.

„Ова е најкрупна економска одлука што е направена последните десетина години, многу поголема на пример и од прогресивниот данок и загрижува што една ваква одлука се префрла на техничка комисија, на техничко тело како што е Регулаторна комисија за енергетика, кога на сите им е јасно дека ова ги погаѓа сите граѓани. Сите два милиони жители на оваа држава се погодени од вакво нешто. Ова е очигледно политичка одлука, ова е одлука која што има крупни и политички и социјални последици. И зад неа мора да стои Влада, Собрание. Ваква одлука не можеше да се носи пред избори бидејќи беа свесни дека ќе изгубат поени. А, од друга страна ниту да ја почекаат новата влада, па таа влада да сноси да кажеме одговорност за ова, туку го прават ова во период помеѓу две влади. Што е многу загрижувачки”, додаде Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека покачувањето на струја е директен удар врз 755.000 сиромашни граѓани, кои што дел од нив живеат со 40 денари дневно.

„Покачувањето на цената на сметките на електричната енергија ќе значи поскапување на животот на граѓаните, особено за најранливите. Ние сме држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа. Околу 20% од луѓето во ова држава, односно 755.000 луѓе живеат во сиромаштија. Од нив околу 100.000 луѓе живеат во екстремна сиромаштија. Односно со помалку под 40 денари на ден”, нагласи  Јовановиќ.

Поврзани вести

Балкански медиуми: Во Северна Македонија ќе се гради 100 мегаватна фотоволтаична електрана

Никола Поповски

Бектеши: УЈП да поднесе кривични за фирмите кои ја злоупотребиле државната помош

Берта Китинска

„Даталаб“ ја презема македонската компанија „ИнКом“

Влатко Зорба