СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Катар заинтересиран за инвестиции во Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јасим бин Хамид Ал-Тани, новиот амбасадор на Државата Катар во нашата земја.

На состанокот се поздравени членството на Република Северна Македонија во НАТО и политиките на дијалог и пријателство на премиерот Заев, што донесоа решение на долгогодишниот спор со Република Грција, за што е оценето дека е успешен пример во светски рамки.

Оценето е дека Република Северна Македонија е мирољубива и пријателски определена држава којашто бележи напредок и има потенцијали за натамошен развој. Пренесен е интерес од Катар за разгледување можности за инвестиции во земјава.

„Ние сме насочени кон евроатлантските интеграции како стратешка определба на државата и истовремено работиме на создавање услови за подобар животен стандард и за економски развој на државата. Во таа насока ни е важна соработката со сите држави, посебно на економски план”, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека се унапредува соработката со Катар во делот на енергетиката, како и дека постојат можности за продлабочување на соработката во областа на туризмот, транспорт, земјоделие, културата.

Поврзани вести

ДИЖС: И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не користеле мазут од 2013 година

Влатко Зорба

Малите стопанственици обвинуваат дека обврската за регистрација чини пари, Централен регистар демантира

Влатко Зорба

Петров даде отчет за сработеното во ФИТР