Милиони Американци ги загубија своите работни места откако пандемијата на коронавирус ја погоди земјата.
Сепак, тие можат да користат значителна финансиска заштита за време на кризата.
Многу од нив, всушност, ќе добијат повеќе пари од бирото отколку нивните плати. Меѓу нив се и оние кои ќе добијат двојно поголема сума од претходните плати.
Претходно, американските власти донесоа пакет помош за економијата и граѓаните во вредност од 2,2 милијарди долари, што вклучува и дополнителни бенефиции за невработените.
Според анализата на Ноа Вилијамс, директор на Центарот за истражување за економија во Висконсин на Универзитетот во Висконсин-Медисон, околу 40 проценти од сите работници теоретски би можеле да заработат повеќе додека се невработени отколку што би заработиле за да се вратат на работа.
Регулативата, позната како акт CARES, ги зголеми бенефициите за невработеност на неколку начини. Тој ги зголеми неделните придобивки, нивното времетраење и го прошири бројот на луѓе кои можат да ги добијат, како што се самовработените.
Според законот, невработените добиваат дополнителни 600 долари неделно, финансирани од федералната влада.
Ова е надополнето со бенефициите за невработеност што обично секоја поединечна држава им ја плаќа на работниците, чиј износ варира од држава во држава.
Просечниот работник во повеќе од половина од државите ќе заработи повеќе од невработеност отколку од претходната работа, според анализата спроведена од Ерни Тедески, економист од Еверкор ИСИ.
Експертите пресметале дека, на пример, работниците кои се вработени во ресторани за брза храна, сега ќе добијат 219 проценти, или за повеќе од 2 пати отколку што, во просек, заработувале додека работат.
Нивните плати во просек изнесувале 11 долари на час.
Просечниот угостителски и хотелски работник, кој заработил 13,45 долари на час, сега ќе има 182 проценти од приходот, нешто помалку од двојно повеќе од додека работел.
Од друга страна, оние кои заработувале многу повеќе пред кризата, сега ќе имаат помалку пари во споредба со нивната редовна плата.
Целта на владата е во просек невработените работници да имаат исти пари како во периодот кога работеле.
Неделниот додаток од 600 американски долари за невработените трае до крајот на јули.
Од почетокот на кризата, околу 33 милиони Американци се пријавиле во бирото.