СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple казнети со 1,1 милијарди долари во Франција

Франција ги казни Apple со 1,1 милијарди американски долари за антиконкурентски практики, соопшти денеска францускиот национален регулатор.

Тоа беше решено по долгогодишно испитување, и заради наводното анти-конкурентно однесување на Apple во мрежите за дистрибуција и продажба, пренесува „Ројтерс“.

Продавачите на Apple производи, Tech Data и Ingram Micro се казнети соодветно со 63 и 76 милиони долари за нелегално договарање на цените.

„Apple и нејзините двајца трговци се согласиле да не се натпреваруваат едни со други и да ги спречуваат дистрибутерите да се натпреваруваат едни со други, а со тоа да го „стерилизираат“ пазарот на производи на Apple“, рече регулаторот.

Во превод, Apple се договорил со своите европски дистрибутери наведени погоре да не ги намалуваат меѓусебно цените и производите на Apple да се продаваат по едни – повисоки – цени.

„Одлуката на француското регулаторно тело е ужасна! Таа е поврзана со практики од пред една деценија и го отфрла триесетгодишниот правен поредок на кој се потпираат сите компании во Франција, што ќе предизвика хаос за компаниите во сите индустрии“, изјави оттаму.

„The Verge“ потсетува дека, од истите причини, Apple е предмет на истрага во САД од август 2019 година, за местење на цени со Amazon, што спречува еднаква позиција за малите дистрибутери на производи на Apple кои не можат да се натпреваруваат со цени и количини. обезбедени од Amazon.

Apple е исто така обвинет за слични практики во Русија со тамошните дистрибутери.

Од Apple соопштија дека ќе ја обжалат одлуката во Франција.

Поврзани вести

Руската Сбербанк се подготвува да пушти сопствена криптовалута до пролет

Влатко Зорба

„Викенд без ДДВ“ за домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари, се очекува промет од над 170 милиони евра

msp-admin

Безос повторно е на врвот на светот: Му „бега“ на Маск за 6 милијарди долари

Влатко Зорба