Компании и пазар

Барелот нафта падна под нулата за прв пат во историјата

Во Соединетите држави се забележува целосен колапс на цената на нафтата, која вечерва се тргува по цена под нула американски долари за барел. Тоа во превод значи дека производителите на нафта во Америка им плаќаат на клиентите да купат нафта на пазарот со датуми за испорака во мај. И ова се случува за прв пат во историјата на трговијата со нафта во САД.

Падот на цената на нафтата во САД е последен во низата индикации за вистинската длабочина на кризата во која светот падна како резултат на глобалната пандемија на нов коронавирус што се појави и се шири од Кина.

Причината за денешниот драматичен пад на американскиот пазар на нафта лежи во технички причини, пишуваат светските медиуми специјализирани за набудување на пазарот. Во вторник истекува рокот за склучување договор за набавка на нафта со рок за испорака во мај, а овој рок придонесува за паника на побарувачката на клиентите затоа што никој не купува заради високи залихи во рафинериите, а оние што купуваат го прават тоа со рок на испорака во јуни. Но, без оглед на техничките причини, јасно е дека мерките за ограничување во САД поради коронавирусот придонесоа за драматичен пад на потрошувачката на нафтени производи во Америка.

Историски рекордното зголемување на новата невработеност значи дека се помалку и помалку Американци седат во нивните автомобили. Референцата американска ВТИ нафта во еден момент денес беше со цена од – 40,32 долари за барел, што значи дека производителот на нафта му плаќа на клиентот 40 долари наместо да плати во спротивна, нормална насока.

На меѓународниот пазар, цената на суровата нафта „Брент“ не бележи толку драматичен пад и се тргува околу 25 долари за барел, што е дневна загуба од околу 9 проценти.

Еден барел е 158,98 литри.

Поврзани вести

Netflix веќе нема да работи на овие уреди, погледнете дали сте засегнати

Влатко Зорба

Пазарот на вештачка интелигенција во Кина ќе вреди 12 милијарди долари до 2023 година

Влатко Зорба

Арсовска: Претпријатијата се ‘рбет на економијата и им треба поддршка

Влатко Зорба

Прифатени 8.330 приговори за домашната платежна картичка

Влатко Зорба

Кои земји од ЕУ им се најпривлечни за живот на Македонците?

Влатко Зорба

„Виз ер“: Суспендирани рутите за Милано, Тревизо и Бергамо

Stefanija Kuzmanovska