Компании и пазар

Една деценија Instagram

Социјалните мрежи го променија начинот којшто луѓето го водат и приватниот и професионалниот живот. Денес милијарда луѓе ширум светот не може да се сетат каков бил животот без Instagram и не знаат дали може да си го замислат без оваа апликација.

За сè се “виновни“ Кевин Систром и Мајк Кригер, коишто го основаа Instagram на шести октомври 2010-та година. Освен што функционираше како платформа за споделување фотографии, а подоцна и видеа, она по што беше иновативна беа филтрите за светло, контраст и боја. Дури и најобичната фотографија, направена со смартфон, добиваше поинаква димензија кога ќе ѝ беа додадени тие филтри.

Две години по основањето, Instagram му припадна на Facebook по што стана една од најпопуларните платформи којашто се прослави по селфи фотографиите. Денес, оваа платформа им носи милиони долари на многу ѕвезди и инфлунсери кои најверојатно не би биле тоа што се денес да не е Instagram.

Преку оваа социјална мрежа, луѓето ги пренесуваат своите искуства, дневни навики, предизвици и сето она што им се случува, “филтрирајќи“ го и сервирајќи му го на светот на поинаков начин.

Денес, освен што благодарение на Instagram знаеме кој што јадел, каде бил на патување, со кого пиел кафе… на големо се продаваат најразлични производи. Инфлуенсерите ја користат својата база на следбеници и склучуваат договори со маркетинг агенции или брендови за рекламирање, што се покажа како полн погодок.

Како и сè во животот, така и на Instagram има две страни. Покрај социјалната димензија, дружењето, споделувањето, виралноста, маркетингот… експертите предупредуваат дека оваа социјална мрежа на младите луѓе им дава чувство на лажна реалност и им создава притисок за совршенство коешто не можат така чесно дојдат во реалниот свет.

Сето она што му се случи на светот со пандемијата беше почувствувано и на оваа социјална мрежа, па потребно е време за нови навики и функционирање во “дезинфицирани“ услови.

Поврзани вести

КОВИД-19 ќе го принуди бизнисот да преразмисли како работи

SpaceX ги објави цените за услугите на Falcon 9

Влатко Зорба

Елевејт глобал доби 100.000 евра од Бизнис Акцелераторот УКИМ

Влатко Зорба

Како помина првиот квартал за компаниите што котираат на берза

Stefanija Kuzmanovska

Дешифрирање мејлови: Што значи кога колега ќе ти напише „однапред благодарам“

Stefanija Kuzmanovska

Првиот Skopje Whiskey Fest официјално заврши

Влатко Зорба